Темен режим Режим на светлина

Од утре се очекува нормализација на градскиот превоз, изгласани субвенциите за ЈСП

Скопје добива 100 електрични автобуси, останатите за други општини Скопје добива 100 електрични автобуси, останатите за други општини

Со 25 гласови „За“ Советот на Град Скопје на повторената вондредна седница донесе одлука со која се одобруваат субвенциите за ЈСП во вредност од 11 милиони евра.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата преку амандмани се обидоа да ги намалат овие средства за речиси една третина но тоа не беше прифатено од останатите советници и за градоначалничката Арсовска која кажа дека на овој начин, пари за претпријатието ќе има само за неколку месеци а дополнителен проблем е што се влегува во предизборен период каде советот ќе нема можност да доделува пари.

Во очекување да се изгласа оваа точка, вработените во претпријатието во знак на протест поради неисплатената декемвриска плата, утрово во 9 часот прекинаа да сообраќаат по скопските улици.

Барањето за доделување субвенции го поддржаа 25 члена на Советот, а немаше воздржани или оние кои гласаа „против“.

Оваа одлука беше дочекана со аплауз од дел од советниците.

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, пред да бидат ставени на гласање амандманот и одлуката за субвенции, рече дека треба да се даде можност, советниците да го посетат ова претпријатие и да можат да ги видат со кои проблеми се соочува.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Стојановски: Утре нормализација на јавниот превоз во Скопје, за денеска ќе се договориме дали ќе има превоз до 24 часот

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Делови од Трубарево, Крушопек и улица Бутелски венец утре без струја