Советот на Скопје не и ја отстапи Универзалната сала на Владата

Советот на Град Скопје денеска не го одобри временото отстапување на Универзалната сала на Владата со цел да заврши реконструкцијата. Иницијативата на советничката група на СДСМ не го доби потребното мнозинство.

За Иницијативата гласаа 15 советници, шестмина беа против и четворица беа воздржани.

Во иницијативата на СДСМ беше наведено дека сега стојат неискористени средства а салата е претворена во руина.

-Реконструкцијата на еден од најважните објекти за Скопје е стопирана, а Универзална сала е во речиси руинирана состојба. Овој проект финансиски е поддржан од Владата со 120 милиони денари. Од нив искористени се 40 милиони што значи дека остануваат уште 80 милиони денари, доволни за реконструкцијата да се заврши, појасни Љубица Јанчева, координатор на советничката група на СДСМ во град Скопје, во образложението на Иницијативата.

По завршувањето на реконструкцијата објектот ќе се врати во владеење на Градот Скопје.

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски од партијата ГРОМ на седницата посочи дека денешната загриженост на СДСМ за Универзалната сала е лицемерна и дека истата советничка група пред неколку години сакаше да ја направи Универзална сала парк.

-Не знам како вакви иницијативи се користат во дневно-политички цели. Не знам дали мислите дека граѓаните се со кратко сеќавање, во претходниот мандат истите колеги советници бараа Универзална сала да биде срамнета со земја и да биде парк. Министерство за култура се претставува дека е поспособно од градот да го реализира проектот кој е започнат со дониран проект. Зошто да биде приоритет тој проект кој е приблематичен. Јас да земам летниковец да правам во двор нема така да го направам како што се реконструира Универзална сала, за сега да го правиме Град Скопје неспособен, рече Трајановски.

Претходна вестЈавниот обвинител Јовески не се сомнева во синот на Џафери и во сопругата на Абази
Следна вестНад еден тон кокаин пронајден во кутии со банани