Србија: Четири држави го повлекле признавањето на Косово, две големи држави и помагаат на Приштина

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, му предал на претседателот Александар Вучиќ дипломатски ноти од четири држави кои го повлекле признавањето на Косово. Ова го соопштил самиот Селаковиќ по седницата на советот за безбедност на Србија, пренесува денеска белградска „Политика“.

-Советот за национална безбедност го овласти претседателот Вучиќ, кога ќе смета дека е потребно, за сето ова да ја извесни јавноста и кои држави го повлекле признавањето, истакнал Селаковиќ.

Со овој гест, како што посочил министерот, Србија сака да даде шанса на државите членки на Советот на Европа во јуни да не почне постапка за прием на Косово во оваа организација.

-Со ова сакаме да покажеме подготвеност да разговараме и до решенијата да дојдеме преку дијалог, а не унилатерално, истакнал тој.

Воедно Селаковиќ истакнал дека имаат сознанија дека најмалку две големи држави даваат сериозна логистичка поддршка на Приштина во кампањата за нови признавања на својата самостојност, како и за сопирање на српската кампања за повлекување на признавањата.

Претходна вестСтоилковски: Оставка заради примитивизмот на Талат Џафери
Следна вест89 новозаболени од Ковид – 19, двајца починати