Стоилковски: Оставка заради примитивизмот на Талат Џафери

Оставка од претседателот на македонското Собрание денеска побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. До барањето доаѓа откако откако вчера во јавноста беше лиферувана аудиснимка на која, како што потенцираат од опозициската партија, се слуша неговиот глас и како тој се обраќа со навреди кон собраниски службеници.

Партискиот портпарол Наум Стоилковски на денешната прес-конференција рече дека тоа е вистинското лице на власта и примитивизмот во практикувањето власта, недостојно за Собрание на Република Македонија!

-Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом. На примитивизмот од Форино не му е местото во Собранието! За ваков примитивизам, насилство, вулгарности, нема место во било кое Собрание најмалку во македонското. Сето ова е само причина за негова неотповиклива оставка!, рече Стоилковски.

Тој додаде дека оваа потврдена снимка од Талат Џафери во прашање ја доведува и неговата деловна способност.

-Но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието? Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквиот примитивен однесување од деспотот од Форино?, нагласи партискиот портпарол.

Тој додаде дека кога крими-коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, „деспотот од Форино станува нервозен и на површина испливува простотилакот кој што е слика за севкупното практикување на власта на крими- коалицијата!“.

Претходна вестАпасиев: Доста е со тоа – „истакнат правник“, предлагаме нов закон за уставни судии
Следна вестСрбија: Четири држави го повлекле признавањето на Косово, две големи држави и помагаат на Приштина