Апасиев: Доста е со тоа – „истакнат правник“, предлагаме нов закон за уставни судии

Кој ќе стане уставен судија во Македонија? Партии деновиве се растчаа да си предлагаат свои кандидати за фините и скапо платени местенца. „Левица“ брза до македонскиот парламент да достави предлог за нов специјален закон за уставни судии.

Ова денеска го најави лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев преку Фејсбук. Тој наведе дека предлогот ќе биде доставен веќе по понеделник.

Во објавата Апасиев потенцира дека сегашните правила овозможуваат како уставни судии да бидат избрани и лица кои тоа не го заслужуваат.

-Флоскулата „истакнат правник“ е единствениот услов за уставен судија!? Затоа, тоталки анонимуси во правната фела ни стануваат „чувари на Уставот“. Е, токму затоа, пратениците на Левица, во понеделник, за прв пат, ќе предложат специјален ЗАКОН ЗА УСТАВНИ СУДИИ каде ќе се дефинираат високи критериуми и долга постапка за избор во ова звање, кое треба да е гордост, а не срам за правната професија, наведе во објавата лидерот на Левица.

Инаку, денеска собрансиката Комисија за избори и именувања решава по предлозите за избор на четири уставни судии. За таа функција, власта ги предложи актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, Татјана Васиќ од Министерството за правда и Фатмир Скендер, актуелен судија и поранешен секретар на општина Центар Жупа, а опозицијата професорите Саво Климовски и Родна Живковска, Тодор Витларов, обвинител од Штип и Бранко Секуловски, поранешен судија и претседател на Судот во Гостивар.

Претходна вест40 проценти од граѓаните немаат доверба во полицијата
Следна вестСтоилковски: Оставка заради примитивизмот на Талат Џафери