40 проценти од граѓаните немаат доверба во полицијата

Двајца од петмина македонски граѓани,односно нив 40 проценти, немаат доверба во полицијата, покажале резултатите од истражувањето на Евротинк центарот за европски прашања. Истражувањето е спроведено кон крајот на минатата година на репрезентативен примерок од 1000 испитаници во осумте плански региони.

– 25 отсто од граѓаните на ниво на држава имаат доверба во полицијата, додека оние кои што се изјасниле дека немаат доверба, на ниво на држава, се 40 проценти. Неутрални, со оценка 3, се 33-34 отсто. На ниво на региони, во источниот регион околу 30 проценти имаат доверба, неутрални се 20-25 отсто, а немаат доверба, 45 процнети, изјави Александар Стојановски, постар истражувач во Евротинк.

Довербата кон полицијата е драстично попозитивно перципирана во однос судството и обвинителството кои остануваат најнегативно оценети институции. Жителите во Северозападниот регион имаат голема, а во Источниот регион помала доверба во полицијата,

Стојановски посочи дека истражувањето покажало дека граѓаните бараат реонски полицајци и позорникари низ своите населби.

-Се бара враќањето на концепт на позорникарска служба за да се намали степено на несигурноста што го чувствуваат граѓаните, рече тој.

Перцепциите за полицијата се попозитивни кај етничките Албанци отколку кај етничките Македонци. Половина од испитаниците сметаат дека тајните служби ги прислушуваат противниците.

Граѓаните, генерално, се чувствуваат безбедно, особено кога станува збор за нивната непосредна средина, односно населбата и градот-селото во кои живеат. Сепак, нивните главни грижи произлегуваат од егзистенцијални прашања, како економската сигурност, здравството/Ковид 19 и политичката нестабилност.

 

Претходна вестУтре во Скопје посебен режим на сообраќај
Следна вестАпасиев: Доста е со тоа – „истакнат правник“, предлагаме нов закон за уставни судии