Србинка си го запалила сопствениот син

Мајка (44) од градот Српска Црње во Србија синоќа го полила својот 26-годишен син со бензин и го запалила во семејната куќа, јавуваат српските медиуми.
Момчето со тешки физички повреди во вид на изгореници по целото тело е префрлено прво во болницата Зрењанин, а потоа и во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, каде се борат за неговиот живот.

Осомничената издржува казна домашен притвор со електронски мониторинг (наногица) и дека нејзиниот син дошол да ја посети кога по расправија го полила со бензин и го запалила.

Во Српска Црна за мајката С.М., која има осум деца, никој нема добро мислење.

– С.М. таа е алкохоличар и е насилна кога пие. Не можеме да веруваме дека вакво нешто се случило во нашето село. А.Т. е најстариот син на С.М. Само да преживее – изјавија за Курир жителите на Српска Црње.

Претходна вестПрегазен велоспидест во Кичево, починал на лице место
Следна вестВелосипедист падна на Водно и скрши колк, на помош дојдоа и граѓани за да го пренесат до амбулантното возило