Стевчо Јакимовски со обраќање од Крушево

Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски, во видео обраќање од пред Македониумот во Крушево, истакна дека Македонија треба да избере претседател со став, човек кој ќе го издржи притисокот за усвојување на уставните измени и кој нема да дозволи, како што вели, обезличување на македонскиот народ.

Тој упати критики до неговите противкандидати кои се залагаат за промена на Уставот веднаш, но и за оние од опозицијата кои предлагаат уставни измени со одложена примена.

-Тоа што Максим Димитриевски, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го нудат на македонскиот народ е ужас без крај… сега да го смениме Уставот, а потоа да прифатиме дека сме народ од ‘44-та година, а потоа да прифатиме дека нашиот јазик е наречје на бугарскиот јазик, а потоа да прифатиме дека нашите револуционери, вклучувајќи го и Гоце Делчев, дека не се по род Македонци, рече Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател.

Претходна вестЛетечките такси возила би можеле да полетаат за две години
Следна вестБелиот мантил утре на протест пред Министерството за здравство