Сто милијарди долари извлечени од банка во САД

По веста дека во првите три месеци од оваа година 100 милијарди долари депозити ја напуштиле Првата Републиканска Банка, вчера цените на акциите на оваа банка паднаа за речиси 50 отсто, јавуваат американските медиуми. Оваа банка, која е во деловни проблеми по пропаѓањето на банката во Силиконската долина, пријавила одлив на депозити од 104,5 милијарди долари од почетокот на годината до крајот на март или околу 40 отсто од вкупните депозити.

Во меѓувреме, конзорциумот од најголемите американски банки вложува 30 милијарди долари за да и помогне на банката да избегне банкрот.

Од почетокот на годинава вредноста на акциите на оваа банка е намалена за 80 отсто од 1 јануари. Некои аналитичари во Америка очекуваат Првата Републиканска Банка да биде следната што ќе ја преземе државата. Државата веќе ја презеде СВБ во март по исто така голем одлив на депозити.

Карактеристично за двете банки е што повеќе од 90 отсто од депозитите се поголеми од осигурените 250.000 долари, за кои државата гарантира. Трошоците за покривање на депозитите на СВБ се проценуваат на околу 20 милијарди долари.

Претходна вестВо Свиланово, кочанско одбележана 118-годишнината од загинувањето на Никола Карев
Следна вестПратенички прашања: ВМРО-ДПМНЕ најавува испраќања во затвор заради коридорите, премиерот им возвраќа дека амандманите ги поднесува Левица