Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска е елиминирана во првото коло на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска бања, откако по голема борба загуби од третата носителка Пемра Озген со 2-1.
Мечот траеше два часа и 24 минути, а во него Стоилковска пружи голем отпор на фаворитката и за жал на крајот загуби. Првиот сет Озген го доби со 6-3, меѓутоа на тоа Македонката одговори со фуриозни 6-0 за израмнување. И одлучувачкиот сет Стоилковска го отвори добро, водеше со 4-0 и 5-1, меѓутоа се опушти и турската тенисерка се избори за тај-брејк кој го доби со 3-7.
Утеха за Магдалена Стоилковска може да биде победата во двојки со Екатерина Козлонова од Русија над Соња Касани и Ана Гиралди Рекуена со 2-0 (7-5, 6-3), па ќе го продолжи настапот на турнирот во Куршумлијска бања.
На машкиот дел од турнирот утре во второто коло настап ќе има Горазд Србљак, кој за противник го има Бранко Ѓуриќ од Србија.