Стојан Петрушевски ќе го води Голден Арт, има само една цел

Составот на Голден Арт го претстави новиот тренер, а тоа е искусниот Стојан Петрушевски.

Ценетиот ракометен работник кој долго години беше во Вардар, но и имаше неколку улоги во македонските репрезентации, сега има нов предизвик и тоа како главен човек на клупата на „градежниците“ каде целта е една и единствена – да се обезбеди опстанок во Суперлигата.

– Чест ми е што доаѓам во една млада и преспективна екипа која заслужува да игра плеј-оф. Заедно со стручниот штаб на клубот се надеваме дека ќе избориме опстанок во супер лигата, зашто овие млади играчи го заслужуваат тоа, а исто така и клубот кој обезбедува и овозможува одлични услови за работа. Целта е јасна, одиме понатака, изјави Петрушевски кој вчера го одржа првиот тренинг со екипата, а дебито на новата функција ќе го има против Куманово.

Претходна вестЛевица: Ковачевски и Спасовски ќе земаат апанажа, иако Уставниот суд ја укина
Следна вестИзмамена охриѓанка, платила за огрев, не добила ниту дрва, ниту и ги вратиле парите