Скопјанец е обвинет за трговија со еден килограм кокаин кој беше откриен од страна на полицијата во акцијата што се случила на 19 февруари годинава во скопското село Крушопек.
Јавното обвинителство – Скопје денеска соопшти дека тоj ќе одговара за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-Обвинетиот се товари дека на 19.02.2020 година во село Крушопек, општина Сарај неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин со тежина од 1001 грам. Дрогата била откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани кои биле превезувани за правното лице – сопственост на обвинетиот. Кокаинот бил спакуван во едно пакување во правоаголна форма, со две полиетиленски безбојни обвивки на кои имало ознаки и втиснато лого – глава на јарец, се наведува во соопштението на Обвинителстовото,
Постапката за ова кривично дело се водеше против две лица, но таа беше запрена против едниот од осомничените.