Струјата ќе поевтини за микро и малите компании

Ќе има намалување на цената на струјата за малите потрошувачи – за микро и малите компании, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Намалување на цената за малите потрошувачи ќе има заради тоа што веќе се стабилизираат цените за електрична енергија и за природен гас на светските берзи. Тоа дозволува ние да можеме да интервенираме за да бидат поконкурентни нашите микро и мали компании не само на нашиот пазар, туку и во регионот и пошироко, рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на одбележувањето на  јубилејот „90 години Занаетчиска комора Скопје“.

Тој додаде дека за тоа веќе се обезбедени средства. Владата очекува кон средината на јануари да ги добие и средствата од ЕУ со кои ќе може директно да ги помогне микро и малите компании.

– Ќе направиме се што е во наша надлежност да нема драстично зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Во делот на домаќинствата, граѓаните кои трошат помалку ќе плаќаат помалку, а оние кои трошат непотребно и имаат простор да трошат, ќе плаќаат повеќе и такви ќе бидат и цените, прецизира Бектеши.

Претходна вестОбјавено делото „Речник на сложенките во македонските црковнословенски текстови“
Следна вестВо Скопје живее скоро една третина од македонското население, 205 села се празни