Струмичките актери од иницијативата „Култура или Фис-култура“ изведоа претстава со која побараа од министерката Ирена Стефоска да си поднесе оставка, заради тоа што дозволи политиката да владее со културата. Но од нејзиниот кабинет нема реакција, па останува прашањето дали Стефоска ќе повлече чекор, морално и политички одговорно?
Во барањето упатено до неа актерите конкретно посочија седум причини заради кои таа треба да ја напушти функцијата. Тие сметат дека министерката ја жртвува културата водена од свои политичко-партиски и кариеристички цели.
-Министерката не ја разбира улогата на уметноста, таа стана уште една цврста алка во практикувањето на повеќедецениско маргинализирање на културата и особено последните години со низа коруптивни елементи. Министерката не смееше да избира и да поставува партиски директори на институциите од културата, па тоа бил избор и на самиот премиер. Изборот на директори уште понагласено продолжува да се прави по партиски клуч и тоа не се однесува само на НУЦК “Антон Панов ” Струмица, беа дел од порааките на актерите.
На крај порачаа дека Стефоска се ставила во одбрана на партизацијата и корупцијата и не ги почитувала ниту стратешките принципи на министерството, ниту професионалните, ниту етичките начела и затоа бараат итна и неотповиклива оставка од функцијата.