Студено утро со пладневно сонце и температура до 10 степени

Во Скопје утрово има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Времето во Македонија, пак, преку денот ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини со појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 10 до 18 степени.

Во сабота во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Претходна вестВелосипедска патека во Белгија среде шума, во Скопје ни среде град не можеме
Следна вестЕксклузивен гала оперски концерт вечерва во МОБ