Ексклузивен гала оперски концерт вечерва во МОБ

Ексклузивен оперски Гала концерт е вечерва на репертоарот на МОБ. Публиката ќе може да ужива во изведбите на солистите: Весна Ѓиновска Илкова (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Владимир Саздовски (бас), во придружба на оркестарот при МОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Ексклузивитетот не завршува тука, туку во вториот дел публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Се работи за една необична изведба под маски, без допир и на дистанца, а настапува Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и Оркестарот на МОБ.

За да се присуствува физички, задолжително е носење на заштитна маска, а влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Претходна вестСтудено утро со пладневно сонце и температура до 10 степени
Следна вестВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести, бара и гласање за доверба на Владата