Студенти со протест бараа повлекување на образовната реформа

По многуте укажувања од разни факултети, институти и други релевантни институции дека замисланата реформа на министерката Царовска не е прифатлива, денеска пред Министерството за образование и наука протестираа и студенти од Филозофскиот факултет во Скопје. Тие побараа МОН да ја повлече Нацрт- концепцијата за основно образование.

Сттудентите сметаат дека за нацртот требало да се организира јавна дебата, а не, како што рекоа, на најподмолен начин се пробува да се протурка нешто што нема да биде модерна реформа.

– Со слевањето на предметите едни во други, ќе настане тотална деструкција на многу научни предмети, а пред се, на нешто што е државотворно за нас, Македонците, а тоа е македонската историја. Целиот универзитет „Св. Кирил и Методиј, целата Македонска академија на науките и уметностите, сите релевантни и меродавни институции се изјаснија против овој нов концепт. Уште кој треба да им даде до знаење дека треба да запрат? Ние не замолуваме, туку бараме итно да се повлече новиот концепт на Министерството за образование и наука, посочија учесниците на протестот.

Претходна вест13 минути не дадоа гол: Македонските ракометари загубија од Словенија 31- 21
Следна вестШто се случи со кривичната пријава околу дивоградбата кај Мавровка?