Суд во Доњецк осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле на страната на Украина

Судот во самопрогласената Народна Република Донецк осуди на смрт двајца британски и еден марокански доброволец заробени од руските сили во Мариупол, објавија руски провладини медиуми. Судот на територијата под контрола на руските сили во источна Украина ги осуди Ејден Ајслин и Шон Пинер по судење кое траеше само неколку дена.

Ајслин (28) и Пинер (48) се осудени на смрт заедно со Мароканецот Сааудин Брахим, поради кривично дело тероризам.

И двајцата Британци рекоа дека служеле во единица на украинските маринци, што ги прави активни членови на војската и дека треба да бидат заштитени со Женевската конвенција како воени заробеници. Меѓутоа, руските медиуми ги опишаа како платеници и како такви беа судени пред судот на проруските сепаратисти.

Руската новинска агенција РИА Новости вчера објави видео на кое се гледа како Британците потврдно одговараат на прашањето дали се изјаснуваат за виновни за тероризам, извршување на злосторства во рамки на криминална организација односно насилно преземање на власта.

Британската влада искажа длабоко загрижена поради изречените смртни казни.

Претходна вестОпштина Центар ги стопира градежните дејствија на 8 парцели на Водно
Следна вестГрузијците убедливо ја совладаа Македонија