Судскиот совет ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховен, Беса Адеми

Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите. Судскиот совет со осум гласа „за“ одлучи да го прифати барањето на судијката.

Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.

Претходна вестПензиите ќе се исплатуваат на 2 јануари, а Комерцијална банка започнува од денеска
Следна вестГалуп Интернешенел: Само петина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023