Танц-фест 2021 под мотото „Украдени движења“ од 1 до 7 јуни

„Украдени движења“ е мотото на 17 – тиот, по ред Танц-фест, што ќе се одржува од 1 фо 7 јуни, на повеќе сцени во Скопје, а за прв пат една од претставите ќе биде одиграна и во Домот на културата во Тетово.

Гости на фестивалот се извонредниот танчер Жигон Крајнчан од Љубљана, со претставата „Fusion With Myself“, Загребачки плесни ансамбл со кореографијата на шпанскиот кореограф Розе Лопез Еспиноза, насловена како „Ревел Ревел“, а публиката во Скопје и Тетово ќе има можност да ја види и изведбата на францускиот танчер и кореограф Амала Дианор „Ман Рек“.

Ќе се претстават и младите короеграфи Адријана Данчевска со „Не ми ги допирај очите“, Филип Петковски со танцовиот филм „ВИТРО“, Валентино Апостоловски, кој во соработка со режисерот Благој Мицевски ќе го изведе делото „Најлон“ и Дејан Битровски со „Ѓаволска дупка“.

Претходна вестЛоват гласови со асфалт вести, а модерните ветувања ги красат само предизборните програми
Следна вестСончево со мала облачност, температурата до 30 степени