Таравари доби поддршка пред неговиот дом во Гостивар

Промената почна, напиша на Фејсбук претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари откако синоќа пред неговата куќа во Гостивар се собрале стотици граѓани во знак на поддршка. Вчера наутро пред неговата куќа бил пронајден неиспукан куршум од автоматска пушка.

Таравари сподели фотографии на неговиот фејсбук-профил, на кои се гледа како дел од присутните со запалени факели му изразуваат поддршка.

Куршумот и другите случувања во партијата се резултат на актуелниот партиски раскол во кој Таравари бара приврзаници за неговата одлука на изборите да се оди во коалиција со албанската опозиција, додека приврзаниците на поранешниот лидер, Зијадин Села се за самостоен настап. Села за во сабота закажа Централно собрание на кое треба да се донесе одлуката.

За куршумот Таравари рече дека станува збор за „јасна заканувачка мафијашка порака“ и дека „промената почнала и нема ништо што би ја запрело“.

Претходна вестВремето денес сончево и натпросечно топло со мала локална облачност
Следна вестБез струја делови од општините Аеродром, Карпош и Сарај