Темно Режим Светло Режим

Татко и двајца синови нападнале полицајци по сообраќајка во Гази Баба

46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал 46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал

Полицаjци биле нападнати по сообраќајка која се случила синоќа во скопската општина Гази Баба. МВР соопшти дека несреќата се случила вчера околу 22 часот на крстосница од улицата „Методија Андонов Ченто“ и на помошна улица. Во несреќата учествувале патничко возило „Фолксваген голф“ управувано од А.Р. (43) од Скопје и моторцикл „Јамаха“ со битолски регистрации, управуван од Д.Г. (20) од Инџиково.

-По незгодата, Д.Г. и сопатникот на мотоциклот Д.Т.(19) од истото село биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Д.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Д.Г. телесни повреди. На 25.09.2020 околу 00.30 часот, додека полициски службеници го обезбедувале местото на незгодата, дошол Т.Г.(44), чиј син учествувал во незгодата, и се однесувал агресивно кон полициските службеници, а неговите синови Д.Г. и К.Г.(22) физички ги нападнале. Сите лица инволвирани во нарушувањето се приведени во Полициска станица Гази Баба, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Претходниот Пост

Бутелчани се уморни од чекање: Со протест ќе ја бараат ветената поликлиника

Следниот Пост

Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепаше човек на улица