„Човек, ѕвер и доблест“ во режија на реномираниот Егон Савин, е претставата што ќе можат да гледаат посетителите на „Охридско лето“. Таа е изведбата на театарот Комедија што ќе учествува на светки познатата, а наша манифестација.
Премиерата на претставата беше на скопската сцена на театарот на 23 декември минатата година, а во неа играат: Атанас Атанасовски, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Жаклина Стевковска-Дрнасин, Ева Скендеровска, Тони Денковски и Кристина Ласовска.
Сценографијата е на Весна Поповиќ, костимографијата е на Елена Дончева (со Ивана Каранфиловска-Угуровска како асистент), а изборот на музика и адаптацијата на текстот се на режисерот Егон Савин.