Терористот кој пукаше во Виена имал и австриско и македонско државјанство

Кујтим Фејзулаи, роден во Виена, а чии родители потекнуваат од тетовското село Челопек е еден од терористите кои синоќа во Виена убиле четири лица е раниле петнаесетина. Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер потврди дека терористот што синоќа го изврши крвавиот терористички напад во Виена е со потекло од Македонија.

апаѓачот именуван како Кујтим Фејзулаи (20)роден во Модлинг, Австрија, претходно бил осуден на 22 месеци затвор . Во април 2019 година направил обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на групата Исламска држава. Бил предвремено ослободен во декември според законот за малолетници. Вчера доживеавме напад од барем еден исламистички терорист, ситуација што Австрија ја немаше со децении, изјави Нехамер.

Напаѓачот, рече тој, „бил опремен со лажен експлозивен елек и автоматска пушка, пиштол и мачета за да го изврши овој безобразен напад врз невини граѓани“. Фејзулаи имал двојно државјанство – и австриско и македонско.

 Австриската полиција преку Интерпол поднесе барање за соработка со македонското МВР во овој случај и нашите власти веднаш одговорија на барањето за акција .

До сега полицијата во Виена изврши 15 претреси во куќи, и неколку лица се уапсени, пренесува АП. Властите сè уште се обидуваа да утврдат дали други осомничени се во бегство.

Претходна вестБитолчанец шетал во Ѓорче Петров со марихуана во џебот
Следна вест25-годишник шетал по Чаир со нож во џебот