Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера во Битола, информира полицијата.
МВР соопшти дека во СВР Битола вчера околу 14 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Наум Наумовски“ со ул.„Прилепска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Битола и патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од Куманово.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што подоцна починал. Со телесни повреди се здобила К.С.(53) од Скопје, сопатничка во возилото „шкода“, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.