Тешка сообраќајна несреќа во Битола, прегазна жена

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера на улицата „Тошо Даскало“ во Битола. Б.С. (75) со тешки телесни била пренесена во Битолската болница.

– Вчера околу 15 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Тошо Даскало“ во Битола, товарно возило со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од с.Оптичари – битолско, удрило во Б.С. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., а истите биле констатирани во Клиничката болница во Битола, наведено е во соопштението од полицијата.

На терен бил извршен увид од страна на екипа од СВР Битола. Превземени се мерки за откривање на причините за несреќата.

Претходна вестЛефков: Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра, кога неговата фирма 4 години работи со загуба?
Следна вестКина: Војната во Украина излегува од контрола