Тетовчанец следел и снимал девојки

46-годишен тетовчанец бил пријавен дека вознемирувал 21-годишна девојка. Тој ја снимал девојката и нејзините дригарки со мобилен телефон.

– Вчера во 18.20 часот на улица „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.А.(46) од Тетово. Претходно, тој бил пријавен од Џ.С.(21) дека во угостителски објект на истата улица ја вознемирувал неа и нејзини пријателки, снимајќи ги со мобилен телефон.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестАпасиев: ЕУ не знае каде тера, не и е до проширување
Следна вестКовачевски: 26 јули 1963 година вечно ќе остане врежан во нашата колективна меморија, Скопје стана симбол на светската солидарност