Тетовец и неговата сопруга го претепале соседот

Тетовец пријавил во полиција дека го нападнале неговиот сосед. Според пријавеното во нападот учествувала и неговата сопруга.

-Вчера, во 15.55 часот, во СВР Тетово бил повикан 34-годишниот тетовец К. М., кој претходно бил пријавен од 34-годишниот тетовец З. Х., инаку негов сосед, дека околу 15 часот на улицата Питу Гули во Тетово физички го нападнал.

Според пријавеното, во нападот, во кој учествувала и неговата сопруга, К. М. употребил и остар предмет и го повредил.

Тој, како што соопшти полицијата, е задржан во Полициската станица Тетово, а пронајден и одземен му е и остриот предмет за вештачење.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Претходна вестЗарем ниту еден пратеник од СДСМ не ги виде анкетите за „францускиот предлог“?
Следна вестПукање во Приштина, застрелал три лица со калашников, оружјето го сокрил во корпа за отпадоци