Тетовец лажно пријавил дека во Делчево има бомби

63-Тетовец лажно пријавил дека на повеќе локации во градот Делчево има поставено бомби. Поради тоа Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција му поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „тероризам“.

– На 17.12.2022 од својот мобилен телефон, пријавениот С.Ѓ. се јавил во ОВР Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби, соопштија денеска од МВР.

Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети.

По преземени мерки и активности, посочуваат од МВР, на 22.12.2022 С.Ѓ. бил лишен од слобода и во Полициската станица Тетово со него бил извршен службен разговор, по што му бил одземен телефонот и две СИМ картици.

Претходна вестЌе научи ли нешто министерството од учебникот полн со грешки?
Следна вестУапсени двајца рекетари, прво му барале 6.000, па 12.000 евра на крушевчанец