Полицијата поднесе кривична пријава против Тетовец со иницијали Б.М. кој се обидел да заведе девојче помало од 14 години.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(28) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, велат од МВР.
Пријавениот, користејќи социјална мрежа, започнал комуникација со малолетничката, при што лажно се претставил дека има 15 години, а по неколку недели побарал да се сретнат, велат од полицијата.