Тиквеш е новиот освојувач на Купот на Mакедонија во фудбал, за прв пат во клупската историја.
Екипата од Кавадарци пред повеќе од 10.000 гледачи на арената „Тоше Проески“ во Скопје, ја совлада Воска спорт со 2:1.
Тиквеш поведе со евроголот на Стојкоски во 41 минута, а Силва во 59-та зголеми на 2:0. Надежта за екипата на Воска дека може да остане непразена ја подгреа Шаркоски во 77 минута по големата грешка на голманот, Ренер.
Сепак, тимот од Охрид не успеа да дојде до изедначување. Реално гледано, Тиквеш беа далеку подобар противник и за прв пат успеа да го освои вредниот трофеј, и да се избори за учество во европските купови.