Тинејџер од Кавадарци фотографирал банкарска картичка од маж во теретана, па си пазарел онлајн

Полицијата во Кавадарци до Обвинителството поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи.

– На 23 јануари во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8948 денари. Исто така, на 26 јануари на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари, објави МВР.

Претходна вестРокот за нови налепници продолжен до крајот на 2024 откако видоа долги редици
Следна вестМајка нападнала соученик на нејзиниот син во основно училиште во Карпош