Тинејџер со „бмв“ излетал од пат, четири лица повредени

Едно лице е тешко повредено а тројца се здобиле со полесни повреди откако ноќеска „бмв“ кој бил управуван од тинејџер излетало од патот Кочани-Пониква. Извршен бил увид од страна на полицијата.

– Денеска (11.01.2024) во 00.57 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани- Пониква патничко моторно возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано Н.И.(19) од с.Карбинци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците И.М.(21) од с.Карбинци, М.К.(18) и А.Ј.(20), двете од Штип, констатирани во Општата болница Кочани, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Претходна вестМеџити: Има доволен број вакцини, да спречиме ширење на големата кашлица
Следна вестТешко повреден возач, се забил во оградата на автопатот Скопје-Тетово