Меџити: Има доволен број вакцини, да спречиме ширење на големата кашлица

Од вчера е дадена наредба да се расчистат сите вакцинални картони на бебињата за да може да се повикаат сите оние што досега не биле повикани на вакцинација против голема кашлица, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

За неколку дена, има два неповрзани случаја на голема кашлица во Македонија. Едниот е од Кичево, а вториот случај е шестмесечно бебе од Скопје, кое веќе е хоспитализирано во „Козле“. И двете се невакцинирани со ди-те-пер. Она што загрижува е дека ова заразно заболување е раширено, има и епидемија во некои градови во регионот, а дополнително загрижува и слабиот процент на имунизација против големата кашлица во државата.

-Крајно време е да се смени тој ментален склоп кај нас, нашата иднина се нашите деца. Секое вакцинирање значи спас на живот или утре тоа дете да не добие некоја болест. Ќе апелирам за доброто на децата, да превенираме некои работи затоа што имаме доволен број вакцини. Спремни сме во тој поглед. Апелирам до сите родители, ги молиме како Министерство за здравство и јас лично – да се вакцинираат. Секое вакцинирање значи спас на живот, посочи Меџити.

Министерот рече дека нема да има дефицит на лекови за онколошките пациенти, а во однос на тоа дали е распишан тендерот, рече дека не знае во моментот.

Претходна вестМиланов: Инцидентот во М-НАВ не се случи во контролната кула, а Незири не учествуваше во него
Следна вестТинејџер со „бмв“ излетал од пат, четири лица повредени