Тодор Гечевски е новиот спортски директор на КК „Работнички“

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Тодор Гечевски е новиот спортски директор на Работнички. Тој денеска беше промовиран на прес-конференцијата од страна на Горан Герасимовски, граноначалник на скопската општина Центар. Првиот тест за Гечевски ќе биде квалификацискиот турнир за ФИБА Евро-Купот. Гечевски се враќа во тимот каде што ја заврши својата кариера, тој беше дел од младинската школа, а сега веќе ќе има поголема функција.

-По неколкугодишна пауза, тимот од Центар сезонава повторно ќе игра во квалификациите за ФИБА Евро куп но со ново засилување. Тодор Гечевски се враќа во тимот каде што ја заврши својата кариера но како нов спортски директор на КК „Работнички“. Ова засилување на тимот верувам дека ќе донесе нова свежина и победа и на домашната и меѓународна сцена. Се надевам дека Црвено-белите повторно ќе го вратат некогашниот сјај и ќе се вратат на победничките патеки, изјави Герасимовски.

Гечевски пак истакна дека во клубот се добро подготвени и за сериозни успеси. Тој очекува и победа на турнирот за квалификација за ФИБА Евро купот.

-Оваа сезона имаме посериозна екипа, неколку нови засилувања. Домашниот терен и квалитетот со кој располагаме ни дава за право да се надеваме на прво место во претстојните квалификации, иако постои можност и како второпласирани во групата, да продолжиме во меѓународните натпревари. Четириесетина дена сме во тренажен процес. Размислуваме за сериозни успеси и верувам дека со нашите навивачи можеме да го постигнеме тоа, изјави Гечевски на денешната прес-конференција.

Претходна вестВласта дефинитивно да го одложи ултимативниот рок за промена на личните документи
Следна вестШтрајкуваат обвинителите: Се бара зголемување на платите за 78 проценти и враќање на додатоците од 35 отсто