Торба со алатки вредни над 100 илјади евра кружи над земјата, може да се види со двоглед

Торбата со алатки што ја изгубија астронаутите на НАСА Јасмин Могбели и Лорал О’Хара може да се види во вселената. Могбели и О’Хара ја изгубиле торбата додека правеле поправки во Меѓународната светска станица (ISS) на 1 ноември, објави „Гардијан“. Вредноста на алатките кои биле во торбата вредат околу 100 илјади евра.

– При поправка е изгубена една торба со алат. Торбата е забележана со помош на надворешни камери, но бидејќи е оценето дека не претставува ризик за станицата, најверојатно ќе остане да лебди во вселената и ќе ротира околу Земјата заедно со станицата, наведе НАСА.

Белата блескава кеса веќе ја забележале астрономите од различни делови на Земјата, бидејќи може да се види дури и со двоглед.

Објектот ќе остане во орбитата на Земјата неколку месеци, а потоа ќе изгори по повторното влегување во атмосферата.

Претходна вестИ во пробна фаза редици граѓани пред пунктот за вадење на лични документи во ПС „Пролет“
Следна вестФерари од 1962 година продадено за 51,7 милиони долари