Трактор управуван од малолетничка паднал во канал, погинал сопатникот

Маж погинал  откако тракторот на кој се возел и кој бил управуван од малолетничка се превртел. Со телесни повреди се здобила и малолетничката.

– На 28.05.2023 во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Тромеѓа, кумановско, трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал. На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с.Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово, пишува во полицискиот билтен.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Претходна вестСообраќајка во Битола, се судриле две возила, па потоа удриле во други три паркирани автомобили
Следна вестДве жени и еден маж каснати од кучиња скитници