Сообраќајка во Битола, се судриле две возила, па потоа удриле во други три паркирани автомобили

Две повредени лица од кои едно потешко а друго полесно е епилогот од вчерашната сообраќајка во Битола. До несреќата дошло при судир на две возила, кои потоа удриле во три други.

– Вчера во 03.20 часот било пријавено дека во Битола, на бул.„1 Мај“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила со битолски регистарски ознаки, и тоа „опел“, управуван од А.Ј.(26) и „рено“, управувано од З.Р.(47) двајцата од Битола, при што удриле во три паркирани патнички возила – „хјундаи“ и „пежо“ сопственост на Н.П.(52) од Битола и „хјундаи“ сопственост на Ј.К.(43) од Битола, сите со битолски регистарски ознаки. Во несреќата, возачот А.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, додека Е.П.(41) од Битола, сопатничка во возилото „опел“, се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Претходна вестЛукашенко: Ќе има нуклеарно оружје за сите што ќе се приклучат на унијата на Русија и Белорусија
Следна вестТрактор управуван од малолетничка паднал во канал, погинал сопатникот