Трамп поднесе жалба до Врховниот суд

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе жалба до Врховниот суд на САД откако највисокиот суд во Колорадо му забрани да биде на гласачкото ливче на претседателските избори следната година. Трамп ја оспорува одлуката на Врховниот суд во Колорадо од 19 декември која се однесува само на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март. Но, нејзиниот заклучок најверојатно ќе влијае и на статусот на Трамп за општите избори на 5 ноември.

Причината за ваквата одлука е улогата на Трамп во нападот што неговите поддржувачи го извршија на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Врховниот суд на Колорадо му забрани на Трамп учествo на претседателските избори во таа држава

Судиите, при носењето на одлуката, се повикаа на ретко користената одредба од американскиот Устав со која се забранува службени лица кои учествувале во „бунт“ да извршуваат функции.

Трамп се надева дека ќе победи на претседателските избори во САД во 2024 година и ќе се врати во Белата куќа.

Адвокатите на Трамп велат дека ова е за прв пат во историјата на САД, судството да ги спречи гласачите да гласаат за кандидатот на водечката партија.

Во жалбата, адвокатите на Трамп побараа од судиите „накратко да ја сменат“ одлуката на Врховниот суд во Колорадо бидејќи прашањето за подобноста на претседателот е резервирано за Конгресот.

Минатата недела, Трамп беше отстранет и од гласачкото ливче на претседателските избори во Мејн според клаузулата за 14-ти амандман на американскиот Устав, поради неговата наводна улога во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Трамп е отстранет од гласачкото ливче на претседателските прелиминарни избори во Мејн

Трамп побара од судот во Мејн да ја поништи одлуката на државниот секретар да го отстрани од изборното ливче во државата.

Трамп бара да се поништи одлуката со која беше отстранет од учество во претседателските прелиминарни избори во Мејн

Адвокатите на Трамп во поднесокот навеле дека државниот секретар на Мејн, Шана Белоус, била пристрасна при донесувањето на одлуката и додале дека постапката не била спроведена во согласност со законот. Според нив, Белоус нема законско овластување да донесе одлука за дисквалификување на Доналд Трамп од претседателските избори во Мејн.

Претходна вестТри големи проблеми кои Арсовска мора да ги решава годинава
Следна вестИндија ја престигна Германија во рангирањето на најсилните економии во светот