Министерството за транспорт и врски чека информации од Обвинителството или од Министерството за внатрешни работи, кои се другите возачи кои со автобусот на „Беса Транс“ поминувале со лажна лиценца преку граница.
-Веќе ги дадовме сите документи во Обвинителството кои ги има нашата база на податоци, а се однесуваат за ова правно лице. Стоиме на располагање на истрагата и не би сакал Министерството да се претвори во истражен орган и да лицитираме со секакви информации, изави денеска министерот Благој Бочварски.
Медимите го прашаа Бочварски дали двајца од возачите кои биле на оваа тура со четирие автобуси на „Беса Транс“ биле врабоени во ЈСП кои зеле денови од одмор за да возат за оваа компанија. Тој повика да се почекаат информациите од институциите по што ќе излезат со став. Четвртиот возач бил сопственикот на компанијата.
На прес-конференција минатиот месец, беше кажано и дека возачите кои ги возеле автобусите на „Беса транс“ не биле вработени во компанијата, а некои имале и истечен сертификат.
Министерството за транспорт и врски по автобуската несреќа што се случи на 23-ти минатиот месец на автопатот „Струма“ во Бугарија, ја одзеде лиценцата за работа на „Беса Транс БТБ”, откако беше утврдено дека превозникот за автобусот немал извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници.
Овој автобус со лиценца од дрого возило дури 113 пати оваа година ја минал државната граница и други граници низ Европа.