Треба ли „лидерска средба“ и за смирување на состојбите во Град Скопје?

Навреди, обвинувања, препукувања, тешки зборови, јавувања во полиција… се ова се случува на седници на Советот на Град Скопје. Последнава од вчера беше ептен на ниско ниво. А седницата беше посветена на поставувањето на советничките прашања, за проблемите во градот кои секојдневно им создаваат маки на граѓаните. Зарем вака ќе тераат и понатаму?

Градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на Советот Трајко Славески мора да го стават интересот на скопјани во прв план. Но, двајцата први и најдоговорни луѓе во градот седницата ја претворија во арена во која се бараше копче за исклучување на микрофонот на главната говорница, во расправа дали смее или не да му се одземе зборот на градоначалникот, во носење на подвижни микрофони на говорницата, па се до повикување на полицијата за да се пријави кражба на еден собранискиот микрофон… 

Многу лошо.

Јасно е дека зад ваквото спуштање на нивото на оваа градска институција стојат нарушените односи меѓу советниците од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска околу тендерот за изградба на прочистителна станица од 136 милиони евра. Но, уште тогаш и двете страни најавија дека ќе продолжат да работат во интерес на градот и на неговите граѓани, дека ќе ги поддржуваат конструктините предлози и приоритетни проекти. За жал, од тоа ништо не се гледа. 

Да не треба и за нив да се организира „лидерска средба“? Може таа ќе заврши поуспешно од онаа на премиерот Ковачевски?

Претходна вестКовачевски: Дојавите за бомби се хибридни напади, не случајно се таргетираат школите
Следна вестСавевски: Романија е фаворит, мораме да ги намалиме грешките