Тренчевска најави дека пензиите ќе се исплатуваат денеска

Денеска ќе се исплатуваат пензиите, најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Во изјавата за „Слободен печат“ таа објасни зошто пензиите не се исплатуваа вчера, а што таа го најави минатата недела.

-– Вчера беше прв работен ден. Налозите беа доставени во Трезор и денес се исплаќаат. Секој први во месецот се носат налозите за исплата. Први јануари беше неработен ден. Дел од банките исплатија порано. Денес ќе имат средства сите пензионери на нивните сметки, изјави Тренчевска.

Но, таа не ни одговори зошто за ова пензионерите не биле навремено информирани. Поради тоа, голем број на пензионерите вчера залудно ги обиколуваа оние банки кои не извршија предвремена исплата на пензиите од своите средства.

Претходна вестКилограм злато достигна 60.000 евра
Следна вестПронајдена дрога и приведен дилер во Тетово