Три лица биле искасани од кучиња скитници во изминатото деноноќие, соопшти полицијата. Меѓу искасаните има и малолетно девојче.
Имено синоќа во 21.30 часот во Полициската станица Центар Е.М.(19) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ била касната од куче скитник.
– Истиот ден во 11.55 часот во Полициската станица Аеродром М.М.(64) од Скопје, пријавила на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник, информираат од МВР
Додека вчера во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба Г.Д.(36) од Скопје, пријавил дека на ул.„Маџари“ неговата малолетна внука била касната од куче.