Три лица на три различни локации во текот на вчерашниот ден за неколку часа биле искасни од бездомни кучиња на подрачјето на скопската општина Аеродром. Во првиот случај вчера во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.П.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански” во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Подоцна, во 14.20 часот во Полициската станица Аеродром, В.К.(60) од Скопје пријавил дека на бул.„Трета македонска бригада” во Скопје бил каснат од куче скитник, а во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, О.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров” во Скопје нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.