Тричлено семејството од Тетово починало од ковид- се лекувале дома

Три членови од Тетовско од исто семејство се заразиле од ковид-19 и набрзо починале. Според Ковид-центарот во Тетово иако сите тројца биле во многу тешка состојба, не побарале лекарска помош и починале во домашни услови.

Сите тројца биле со тешки комобидитети – ќерката која имала 36 години, била со тешки гинеколошки проблеми, а и нејзините родители биле со тешка форма на болести, таткото имал карцином, а мајката била со кардиомиопатија. Нема други заболени во семејството.

Според последните податоци од тетовскиот Ковид-центар, за изминативе 24 часа на болничко лекување се 108 пациенти од кои 106 се на кислородна поддршка, има примено 14 нови на болничко лекување, а 10 се пуштени дома.
Има и две починати лица на 40 и над 60-годишна возраст.
Претходна вестАвтомобил се судри со мопед, повредени мопедистот и неговиот сопатник
Следна вестБомба од Втората светска војна најдена во Новаци