Тринаесет лица повредени во сообраќајка на Валандовски рид

Едно дете на шестгодишна возраст и една жена се потешко а единаесет други лица полесно повредени во директен судир на две патнички возила со струмички регистарски ознаки, што се случил вчера попладне на патот Струмица-Валандово, на превојот Валандовски Рид.

Повеќе повредени лица се пренесени на лекување во болницата во Струмица. Детето и жената се пренесени на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје. МВР за денеска најави повеќе детали за сообраќајката.

Во извлекувањето на повредените учествувало и противпожарно возило.

Претходна вестКовачевски и Мицкоски лице в лице за францускиот предлог
Следна вестЌе го фатат ли Османи и Ковачевски последниот воз?