Триумф на кенијците Киплагат и Черотич на Скопскиот маратон

Онезмус Киплагат и Катерин Черотич од Кенија триумфираа во машката односно женската конкуренција на денешниот „Виз Ер Скопски маратон“.

Онезмус Киплагат делницата долга 42 километри низ главниот град на Македонија ја мина со време од 2:18:19 часа.

Зад него финишираше најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, кој задоцни пет минути, односно имаше време од 2:23:07 часа. На победничкиот подиум имаше место за уште еден Македонец, Никола Илиевски.

Кај маратонките, Катерин Черотич победи со време од 2:38:48 часа, додека второпласирана беше Билјана Кираџиева со време од 3:04:29 а третата Тамара Попов.

Во полумаратон, победници се Жан Тошев со време од 1:11:56 часа и Адријана Поп Арсова со време од 1:16:12 часа

Претходна вестУапсен Бугарин кој измамувал повозрасни скопјани за да им изнуди пари
Следна вестЛДП го предложи Пенов за нов министер за локална самоуправа