Македонската одбојкарска репрезентација вчера ја совлада Белгија со 3-1, по сетови 25-21, 25-23, 17-25 и 25-21. На натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ „црвено-жолтите“ до триумфот ги предводеше капитенот Никола Ѓорѓиев со 19 поени.
Следниот натпревар македонските одбојкари ќе го имаат в сабота, исто така во СЦ „Борис Трајковски“, кога ќе ја пречекаат репрезентацијата на Хрватска.
По две кола, во водство се Украинците со шест бодови, белгиската и македонската репрезентација имаат по три, Хрватите се последни без ниту еден бод.