Тројца американски маринци најдени мртви во автомобил

Тројца маринци кои во неделата биле пронајдени мртви во возило паркирано пред продавница во Хемпстед, Северна Каролина, САД, починале од труење со јаглерод моноксид, пишува Си-Ен-Ен. Маринците биле идентификувани како 19-годишниот Танер Калтенберг, 23-годишниот Меракс Докери и 23-годишниот Иван Гарсија.

Мајката на еден од нив пријавила дека нејзиниот син исчезнал, по што маринците биле пронајдени мртви во возилото.

– Нашиот фокус е на обезбедување на потребните ресурси и поддршка на погодените од оваа трагична загуба, соопшти локалната полиција.

Хемпстед се наоѓа на околу 30 километри североисточно од Вилмингтон.

Претходна вестОрбан: Војната во Украина не може да се реши на бојното поле, потребен е итен прекин на огнот
Следна вестЗошто Спасовски со апел го решава проблемот со мангупите-функционери?