Орбан: Војната во Украина не може да се реши на бојното поле, потребен е итен прекин на огнот

Војната во Украина не може да се реши на бојното поле, туку само со дипломатија и разговори, а првиот чекор би бил итен прекин на огнот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој за државното радио изјави дека Унгарија мора да биде упорна во повикувањето на мир, нагласувајќи дека војната е многу скапа, дека Украина останала без пари и едвај преживува, пренесува агенцијата МТИ.

Според Орбан, украинската армија е оперативна исклучиво благодарение на западните пари.

– Постојат две прашања: едното се однесува на одлуката на претседателот на САД за тоа колку долго ќе трошат милијарди овде во Источна Европа, а второто е колку долго може да издржи Европа, рече Орбан.

Тој додаде дека ЕУ може да генерира пари доколку земјите-членки ги вложат своите пари во заеднички фонд, но дека останува прашањето, како што наведе, „колку можеме да издржиме кога европската економија е во неволја и не гледаме крај на војната“.

Претходна вестВечер на „Охридско лето“ шпански и француски уметници
Следна вестТројца американски маринци најдени мртви во автомобил